Гимназијата во Дебар со физичка наместо онлајн настава, без знаење на МОН

Дебарската гимназија „28 Ноември“ („Здравко Чочовски“) почнува со настава со физичко присуство на учениците наместо онлајн, како што беше предвидено, а за тоа не го информирала Министерството за образование и наука (МОН).



„Советот на професорите вчера, по одлуката и потписите на родителите и на учениците, по одлуката на Советот на Општина Дебар и по одлуката на Одборот на училиштето, ние денеска одлучивме да држиме настава со физичко присуство. Ги направивме сите потребни работи што ги бараат по закон Министерството за образование, и Министерството за здравство, и Комисијата (за заразни болести – н.з.)“, изјави за Канал 5 директорот Рамадан Имери, според кој гимназијата ги исполнува сите услови за тоа, а позитивна оценка добила и од Инспекторатот за образование.