На иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во Град Скопје, Народниот правобранител отвори постапка против „Комунална хигиена“ и Градот Скопје за директно загадување на животна средина и индиректно труење на граѓани, информираат советниците утрово.



„Народниот правобранител одлучи да покрене постапка против таквото дивеење на градските институции водени од Шилегов со кој се нарушува здравјето на граѓаните. Вардариште е дива депонија која се полни од страна на јавното комунално претпријатие и преставува еколошка бомба. Толерирањето и креирањето на депониите доведе и до вчерашната еколошка бомба во Шуто Оризари и Визбегово и пожарот со кој се загрозија жителите на овие места, но и целиот град Скопје.

Додека Шилегов диши чист планински воздух во Маврово, градот Скопје се гуши во депонии создадени и толерирани од градот. Нема друг главен град во Светот каде самиот град создава депонии како што е случајот со Вардариште. Очекуваме Народниот правобранител да ги заштита правата на граѓаните“, велат советниците на ВМРО – ДПМНЕ.

(Плусинфо)