Од средината на март, кога беа запрени речиси сите економски активности поради коронакризата, во Хрватска останаа без работа над 20.000 работници.
На 16 март бројот на невработени лица беше 134.717, а денеска изнесува 155.278, покажува ажурираната статистика на Хрватскиот завод за вработување (ХЗЗ).
Во февруари годинава последната земја што стана членка на Европската унија имаше стапка на невработеност од 8,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека таа ќе биде 11,5 отсто на крајот од годината.





