Во наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на корона вируcот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на Центрите за јавно здравје, со што се спрeчува трансмисија на вируcот, велат од МОН.
Од Министерство за образование и наука информираат дека тоа помалку од еден процент од 259.235 ученици на ниво на држава (0,06) и само 0,58 од вкупниот број на 27.955 наставници и друг кадар.




