Халили: „Пржино“ треба да замине во историјата

Под диригентската палка на Петер Ванхауте, белгиски медијатор, „славната македонска политичка четворка“ на 2 јуни 2015 во Пржино се заколна дека ќе го стави интересот на државата на прво место и ја повтори определбата за истрајност во евроатлантските процеси и за почитување на демократските принципи и норми.



„Но, така никогаш досега не било. Тоа беше нивна лажна изјава“, пишува во колумна за „Слободен печат“ поранешниот амбасадор Мухамед Халили.

„Пржино“ измислуваше разни непотребни владини институции: технички премиер, технички министри, дополнителни министри, помошници на заменици на министри, министри над министри и дополнителни министри под министри и така натаму. Балканско-европски глупости!

Неодамна за време на конференцијата на НКЕУ во Скопје мака мачев да му објаснам на еден советник на ЕК и претседател на италијанското Европско движење Пјер Дастоли што е тоа Пржинска влада оти тој кимаше со глава и ми велеше: „Не, не можам да го разберам тоа. Во Европа нема таква влада“, раскажува Халили.

„Пржино“ измисли специјална обвинителка без доволно искристализирани правни инструменти која накитена со големите привилегии што ги уживаше и авторитетот што го уживаше меѓу народот, се засрами себеси и нацијата, исто како и земјата во која главен судски процес речиси цела една година беше екстравагантниот протагонист со италијански бренд очила, „Бос“ и други бренд алишта, „Боки 13“, со неговата ташна со „милиони евра“ од која еврата „самоиницијативно“ побегнале и никој не можеше да ги најде.

(…)

„Пржино“ треба да оди во историјата, без никакво сомнение, само времето треба да се погоди кога.

И не е важно кога: на сегашни или наредни избори. Поефективно ќе беше сега на овие избори. Моќниците не го дозволија тоа!

Сега не можело затоа што СДС го ветил за прв премиер „Албанецот од ДУИ“ кого ВМРО не го сакаше и не го гласаше.

Останува да се види дали сторијата ќе има хепиенд или не…“, пишува Мухамед Халили кој е член на Советот на амбасадори.