Започна и веднаш беше одложен почетокот на повторениот судскиот процес поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница, денеска во Основниот суд во Тетово.
Судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 загинаа 14 луѓе во пожарот во модуларната ковид-болница во рамки на Клиничка болница Тетово.
Случајот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Тетово по одлука на Апелацискиот суд Гостивар, која е донесена на јавна седница во април 2024, а на која се расправало по жалба поднесена од Обвинителството.
Апелацискиот суд донесе решение со кое се наложува да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект.
За докторот Бобан Вучевски, за кого исто така се водеше постапка во Основниот суд во Тетово, Апелацискиот суд ја одбил жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.






