Молдавците на референдум гласаат дали се за членство во ЕУ

 

Денеска во Молдавија се одржуваат и претседателски избори пралелно со референдум за вклучување на членството во Европската унија  како стратешка цел.



Граѓаните треба да одговорат на прашањето: „Дали поддржувате измени на Уставот за да може Република Молдавија да влезе во ЕУ?

За да се признаат претседателските избори и уставниот референдум за валидни, потребно е учество на најмалку една третина од избирачите вклучени во избирачките списоци. Тоа изнесува околу 930 илјади гласачи.

За да се признаат резултатите од референдумот потребно е најмалку половина од излезените гласачи да одговорат со „Да“.

Според едно истражување, 63 отсто од гласачите го поддржуваат членството во ЕУ.

Некои од партиите го гледаат референдумот како политички потег кој има за цел да ѝ помогне на помогне на актуелната претседателка Маја Санду да победи на реизборот.

За функцијата претседател на Молдавија се борат 11 кандидати.

Актуелната претседателка Санду е фаворит за победа на изборите.

Прозападниот табор цврсто владее откако Санду ја освои власта во 2020 година, а нејзината партија освои мнозинство во парламентот следната година.

Нејзината влада поддржува поблиска интеграција со Западот, вклучително и членство во ЕУ до 2030 година. Таа силно се спротивстави на руската инвазија на Украина во 2022 година и ја обвини Русија дека сака да ја собори, што Москва го негира.