Професорката и лидер на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, реагира на „препукувањата“ и дилемите околу тоа кој треба да го плати заостанатиот долг од 8 милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студенти.
Долгот од 8 милиони евра за бесплатен студентски превоз на суд
„Каква врска има МОН со неисплатените пари кон ЈСП за бесплатниот превоз на студентите во изминативе години?
Госпоѓата Градоначалничка впрочем ветуваше на цела уста бесплатен градски превоз за СИТЕ.
Па, нека се снајде бидејќи нели “менаџерка” била.
МОН нема никаква законска основа да ги плаќа овие пари! – објави Грчева на Фејсбук






