ВРЕДИ: Со ДУИ здравството беше во „клиничка смрт“

 

Во денешното соопштение за медиумите коалицијата ВРЕДИ обвини дка „ДУИ ги користи и најболните случаи за да го нахрани своето – его“.



Од ВРЕДИ велат дека „ДУИ е истата партија која поради нејзината корупција предизвикала смрт на 14 граѓани во модуларната болница во Тетово“.

„Ова е истата партија која две децении држеше во неизвесност илјадници здравствени работници, држејќи ги на привремени договори и ги користеше како изборни алатки.

Но, со Таравари задолжен за здравство, оваа срамна практика завршува! Нивната неизвесност завршува, почнувајќи од систематизацијата на над 1.000 медицински работници!“- велат од Коалицијата и прашуваат:

„Дали знаете каква беше Детската клиника кога беше ДУИ на власт?
Вистинска руина! Без основна опрема, со нехумани услови и уништени кујни.
Но, само шест месеци новиот директор Реџеп Мемеди со незапирлива работа ја крева Клиниката на нозе.

Ов Вреди додаваат дека ДУИ го остави здравството во „клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на Таравари“, велат од ВЛЕН.