Гласачите во Молдавија во тесна трка за предлогот поддржан од Владата да се запише евентуалната интеграција во Европската унија во Уставот на поранешната советска република.
За време на референдумот во неделата, одржан истовремено со претседателските избори, гласачите беа прашани дали Уставот треба да се измени за да го одрази „неповратниот европски курс“ на земјата и да ја потврди „интеграцијата во Европската унија како стратешка цел“ на нацијата.
По преброени повеќе од 86 отсто од гласачките ливчиња, 54,55 проценти гласаа против предлогот, а 45,45 отсто гласаа за, според прелиминарните резултати цитирани од информативниот канал ТВР.
Во финишот на гласањето сепак бројот на оние кои се за влез во ЕУ дојде над 50 проценти и сега се чекаат резултатите од гласањето во странствоПретседателските избори, пак, најверојатно ќе имаат втори круг, бидејќи ниту еден кандидат не успеал да освои 50 отсто од гласовите. Актуелната прозападна шефица на државата Маја Санду доби 37 проценти од гласовите, а поранешниот јавен обвинител Александар Столианогло, поддржан од проруската Партија на социјалистите, 29 отсто по преброена една третина од гласовите.
Молдавија е кандидат за членство во ЕУ од 22 јуни 2022 година, а на 25 јуни годинава официјално ги почна преговорите заедно со Украина.
* Текстот беше променет откако дојде до значителна промена на резултатите а првично беше објавено дека референдумот пропадна






