Критичкиот пристап на Венецијанската комисија според Насер Зибери се базира на погрешна проценка. Според него, на Венецијанската комисија и се испратени само членовите кои ја уредуваат двојазичноста на банкнотите и на униформите, членови кои се уште не се усвоени.



„Венецијанската комисија сосема погрешно му пристапува на албанскиот јазик како јазик на малцинствата. Според Уставот,  албанскиот јазик не се третира како јазик на малцинствата, туку напротив, како јазик еднаков со македонскиот по сите основи со два мали исклучоци, во меѓународните односи и низ целата територија. Исто такиа, не знам зошто затоа што Венецијанската комисија го анализира законот и го споредува со законот кој не постои од 2018 година“, вели поранешниот адвокат, Насер Зибери за Алсат М..

Тој смета дека државата нема обврски да ги спроведува препораките на Комисијата кои се советодавни.

Секој обид за промена на Законот, како што проценува Зибери, ќе се соочи со пречки од пратениците Албанци заради неговото гласање со Бадентер во парламентот.