„Ние ја објавивме вкупната количина на увезен отпад и количината на увезен опасен отпад“ вели Татјана Чакулев од О2 Иницијатива вели дека последиците од загадувањето ќе
ќе ги евидентираме и после 20, 30, 40 години.



Тогаш кога денешните деца, сè уште во утробите на мајките, ќе бидат склони кон различни заболувања како резултат на денешното изложување на загаден воздух, предуптедува Чакулев која укажува не некој загадувачи.

„Тука спаѓа и увозот на отпадно железо кое Макстил го користи во своите производни процеси. Колкав удел од вкупниот увоз има отпадот кој се согорува за енергија, не ни е познато, зошто тој податок не е објавен, треба да го добиеме со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 Покрај Усје кој гори отпад од Италија, Фени (Еуроникел Индустри) гори увезени гуми. Согорување на ваков отпад во Усје е како да имате инсенератор на Дрисла сред град. При горење на отпад се ослободуваат канцерогени, мутагени, токсични диоксини, фурани, PCBs, тешки метали како жива, кадмиум, олово, арсен, хром,.. ацидни гасови и др.

Дополнително, немањето на анализи на овој отпад остава можност за присуство и на други опасни супстанции“ предупредува Чакулев во интервју за Фактор.