Поранешниот американски претседател Џими Картер рекол дека се надева дека ќе гласа на следните претседателски избори, во очекување на неговиот 100-ти роденден оваа есен.
„Се обидувам (да издржам) само да гласам за Камала Харис“, му рекол Картер на својот син Чип оваа недела, пишува Usa Today.
Картер на 1 октомври ќе влезе во историјата на САД како единствен американски претседател кој некогаш доживеал 100 години.
На поранешниот претседател од редовите на демократите, во 2015 година му бил дијагностициран рак кој му се проширил на мозокот.
Картер беше 39-ти американски претседател и ја извршуваше функцијата од 1977 до 1981 година.






