Познатата американска актерка Џесика Алба ја сподели новата и среќна вест за третата бременост на многу интересен начин објавувајки видео на нејзиниот профил на Инстаграм. 36. годишната ѕвезда од Син Сити, Спај Кидс, Механик и многу други филмови и серии не ја криеше радоста што нејзиното семејство наскоро ќе стане петчлено.

Актерката и нејзиниот сопруг Ворен веќе има две ќерки, пет годишната Хонор и четири години повозрасната Хевен и сега го чекаат своето трето дете.
Иако Ворен не беше на сликите и видеото, тој сигурно беше зад камерата. Алба и Ворен се венчаа во Лос Анџелес во 2008. година, а Хевен е родена еден месец подоцна.





