Џенифер уште еднаш покажа дека е вистинска бомба кога со нејзиниот дечко Алекс Родригез го прослави роденденот. Славната пејачка наполни 48 години, но нејзиниот изглед ни малку не го покажува тоа и не ги издава годините. Тој специјален ден Џенифер и Алекс го прославија на заедничка забава со роднините и пријателите.



На прославата, Лопез ги привлече сите погледи во ултра мини фустан од Bao Tranchi и сандали од Jimmy Choo.

Роденденска торта на пејачката беше спактакл и логично предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Беше на 6 ката и на неа беше испишано името на славеничката, Џенифер.