Џенет Џексон во мај оваа година објави дека се разделува од катарскиот милионер со кого беше во заедница половина декада. Таа реши животот според исламските правила да го замени со својот стар живот и повторно да се врати на сцената. Според очевидците, пред некој ден на концертот во Остин, како дел од турнејата, Џенет повторно се насмеала и уживала во чаша црвено вино. Тоа е големо одалечување од начинот на кој живееше пет години, за време на бракот со Висам Ал Манa.
За време на нејзиниот брак, таа се оддалечи од пријателите и семејството, и се чувствуваше ограничена. Сепак, за време на бракот таа стана мајка на момче, што и донесе голема среќа. Таа се сретна со Висам во тежок период од животот кога беше скршена поради смртта на нејзиниот брат Мајкл, но исто така во тоа време ја прекина и долгата врска со музичарот Џермејн Дупри.

42 годишниот Катарец Висам ја извлече Џенет од депресијата, а таа живееше со него како кралица. Тие беа многу среќни кога станаа родители, но наскоро сè стануваше полошо. Извори тврдат дека Ал Ман сакал традиционална жена која би се придржувала на сите правила на исламот. Во прилог на ова, факт е дека Џенет носеше бурка. Но, кога рестрикциите почнаа да важат и за нејзините турнеи, таа сфати дека тоа е премногу.
„Џенет сфати дека страда пред се нејзината кариера. Таа едноставно не можеше да се помири со тоа што стана жена каква што сака само нејзиниот сопруг“, вели изворот, близок на пејачката.




