Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ненајавено го посети СВР Тетово, „постројувајќи“ ги вработените, при што на службеничка Македонка ѝ одржа предавање дека „20 години поминал во војска и 22 во Собранието“…
Доскорешниот собраниски спикер во војничката кариера носеше три униформи – своеволно ги напушти ЈНА и АРМ, од која дезертира во воената 2001 година за да премине во терористичката ОНА. Како висок офицер во АРМ, командувал со единиците во Тетовската касарна и на 28 април, кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена потоа преминува во ОНА, каде што станува „командат Форина“. Од „војничките“ подвизи ќе остане забележан и неговиот филибастеринг во Собранието, кога со молчење и читање поезија го саботираше донесувањето на Законот за бранителите.
Видеозапис од „командувањето“ на Џафери во СВР Тетово:






