Претседателот на Парламентот, Талат Џафери, не добил покана за координативната средба што се одржа во саботата околу предлозите за името на посредникот Метју Нимиц.
Џафери овој „пропуст“ го искоментирал на оригинален начин, пишува „Фокус“.
Тој денеска рече дека ни на свадба не одел непоканет.
Џафери уште рече дека ниту барал, ниту бара да го викнат некаде.
Околу разврската за ова прашање Џафери веќе се изјасни дека спорот со името и предлогот „Нова Македонија“ можело да се реши во Собрание.
Во средината на декември, во емисијата „Патот кон…“ на телевизијата Алсат-М, Џафери изјави дека поради континуираната висока поддршка за евроинтегративните процеси од граѓаните, Собранието имало целосен легитимитет во нивно име да одлучува и за прашањето за новото име.
Незадоволство дека на средбата во Клубот на пратеници во саботата не биле поканети изрази и движењето БЕСА.





