Техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција помисли дека е во Собранието, каде што во една пригода им се развика на службениците, па истиот однос го примени врз новинарката на ТВ Сител, Катерина Нешкова, која залудно се обидуваше да му посочи дека издавањето нови документи не оди според динамиката за која тој тврди дека се одвива.
„А бе ја имам пет членови (на семејството – н.з.), коишто не аплицирале и што сега?“, нервозно и недолично за претседател на Влада, па макар и технички, ѝ реплицира Џафери на Нешкова.






