„Јас сум Канаѓанин и никогаш нема да знам како е да бидеш и да се чувствуваш Афроамериканец, но она што го знам е дека сум подготвен да застанам и да го искористам својот глас за да го победиме расизмот“, рече Џастин Бибер (23).
Популарниот пејач даде полна и безрезервна поддршка на иницијативата „Црните животи се важни“ со предупредување дека расизмот се повеќе е присутен во општеството.

Бибер инаку го откажа остатокот од започнатата турнеја за да и се посвети на верата. Тој заедно со синот на Арнолд Шварценегер, Патрик (23), често може да се види во црква. Тие беа видени и на вечерната миса, а Џастин носеше молитвеник од Пентагонската црква од Хилтон.




