Грузиските власти, кои опозицијата ги обвинува за „проруско“ дејствување, ги споредија протестите со украинскиот Мајдан и рекоа дека нема да дозволат такво сценарио.
Грузискиот премиер Кобахиџе изјави дека „за разлика од Украина во 2013 година, Грузија е независна земја со силни институции и што е најважно, сценариото Мајдан не може да се спроведе во Грузија“.
Покрај тоа, тој додаде дека Западот нема да „постигне украинизација на Грузија“.
Во екот на протестите во Грузија, САД објавија дека го прекинуваат своето „стратешко“ партнерство со Грузија поради одлуката на новата влада да ги прекине преговорите со Европската унија.
Откако на власт дојде проруската партија Грузиски сон, опозициските партии заедно со претседателот на Грузија повикаа на протести и поништување на изборите.
Треба да се напомене дека Европската Унија всушност беше таа која даде своевиден ултиматум, поставувајќи две барања до владејачката партија.
Првиот услов беше поништување на законот за „странски агенти“, односно организациите кои добиваат повеќе од 20% пари од надвор да се регистрираат како „агенти на странско влијание“.
Вториот услов беше поврзан со правата на ЛГБТ лицата.
Сепак, во суштина САД и ЕУ се незадоволни од резултатите на изборите во Грузија, што е донекаде контрадикторно со оглед на тоа што набљудувачката мисија на ОБСЕ констатирала само одредени нерегуларности за време на изборите.
Што доведува до заклучок дека Западот е всушност незадоволен од резултатите на изборите, а не од спроведувањето на изборите како такви. Индекс.хр






