Бугарскиот европратеник Илхан Ќучјук вели дека францускиот предлог треба да се имплементира доколку Македонија сака да започне преговори со ЕУ.
Во интервју за „БТА“ на прашањето за европската перспектива на Балканот, Илхан Ќучук рече дека национален приоритет на Бугарија е „земјите од Западен Балкан да бидат дел од ЕУ и оваа врска со Европската унија да се направи преку Софија“.
На прашањето конкретно за Македонија, тој одговори дека тоа зависи од тамошните процеси.
Францускиот предлог, кој во суштина, според него, е европски документ, е успех и за двете дипломатии.
„Но, тоа мора да се спроведе“ вели европратеникот.
Тоа е основата на добрите односи меѓу Бугарија и с. Македонија заедно со договорот потпишан во 2017 година. Нема друг начин. Ова е пораката за Скопје“, рече бугарскиот европратеник.






