„Пратеникот од коалицијата Вреди Беким Ќоку во објава на општествените мрежи напиша дека социјалната и националната програма на Ветевендосје ќе биде застапена во Собранието на * Македонија.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Инаку, Беким Ќоку е и официјален претставник во Македонија на Ветвендосје (Самоопределување), која е владејачка партија во Косово, а едновремено е и политички советник за Македонија на косовскиот премиер Албин Курти, лидер на Ветвендосје.
ИНА ја пренесува објавата на Ќоку на фејсбук: Во овој мандат на новиот законодавен дом на републичкото собрание на * Македонија социјалната и националната програма на ВВ ќе биде застапена во законодавниот дом. Им благодарам на гласачите и симпатизерите на Ветвендосје, кои ја овозможија промената во оваа земја. Се знае дека тие се многу повеќе од гласовите, потребни за еден пратеник. Освен што се бројка, тие го отсликуваат и духот на оваа историска промена на новата демократија во земјата. Заедно ќе растеме!





