Контроверзната српска ТВ водителка Јована Јеремиќ која работи за телевизијата Пинк на Жељко Митровиќ а каде често гостува и српскиот претседател Вучиќ има чувство дека наскоро би можела да работи за американскиот претседател Доналд Трамп.
Таа својата иднина ја базира на астролошко предвидување според кое ако се сретне со Трамп тие веќе нема да се одделат и американскиот ќе и даде понуда за работа.
Јована Јеремиќ е една од најконтроверзните водителки во Србија а ја нарекуваат и каркајца на шерот поради големиот број на споделување на социјалните мрежи.
Од една страна таа се фали дека нејзината емисија е најгледана од сите а од друга страна огромен дел од српската јавноста за неа смета дека воопшто не заслужува да има своја емисија и дека е срам за српските медиуми и новинарство.
Видеото во кое Јована зборува за ова предвидување според кое ќе добие понуда од Трамп а е направено врз основа на ѕвездите на линкот
https://www.instagram.com/reel/DBQYKuYCBzf/?igsh=Z2U2dmNwanVhcjQ1
Најчитани статии






