Ќе се стопира растот на функционерските плати, колку пари сега ќе земаат?!

Пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители и другите избрани и именувани функционери нема да добијат ново покачување на платите во износ од 300 до 500 евра доколку бидат прифатени предлог измените не 6 закони предложени од СДСМ со кои се бара стопирање на процесот на раст на функционерските плати. Од партијата со став нивните примања не треба повторно да пораснат. Според предлог измените кои се однесуваат на оваа проблематика се бара намалување на коефициентот според кој се пресметуваат колкави ќе бидат нивните примања, што пак според партијата е единствено уставно решение со кое платите нема да им се намалат но ќе останат на сегашното ниво.



Се работи за минимално кратење на коефициентите со кои се множи просечната плата како основица за месечните примања на функционерите.

  • Во законот за пратеници во членот 29 став 2 се менува и гласи: коефициентите на платите на пратениците изнесуваат од 3.4 до 3.92, а  биле од 3.5 до 4.1. Не случајно почнувам со пратениците бидејќи нефер секогаш ние како пратеници сме на удар на јавноста, а од друга страна станува збор за 120 пратеника, а зголемувањето на избрани и именувани функционери е бројка од 1.060. Можам да го споделам и законот за плата и други надоместоци кај претседател на собрание или влада, 4.50 се заменува со 3.92“ рече Мартин Костовски, СДСМ.

Нејасно е како функционерските плати ќе останат исти кога коефициентите ќе се скратат минимално, а просечната плата незапирливо расте, па така со овие законски измени може само да се заузда зголемувањето за оваа година и наместо 15%, ќе добијат помало покачување, а догодина повторно ќе има голем скок на функционерските, заедно со просечната плата. Дилемата може да се забележи и кај Костовски кој прво рече дека платите нема да се зголемат.

  • Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите“ рече Мартин Костовски, СДСМ.

А потоа се пишмани и кажа друго.

  • Така е направено за да нема драстично зголемување“ додаде Мартин Костовски, СДСМ.

Јавноста речиси цела година се брануваше по одлуката на Уставен со која се укина фиксната основица за правење пресметки по што примањата на оваа категорија пораснаа за речиси 80 отсто, што предизвика и голем револт кај граѓаните.