Од понеделник до петок следната недела максималната температура ќе се движи до 40 степени, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.



Викендов следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.

Во почетокот на следната седмица во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат до 38 степени во Гевгелија и Демир Капија.

Во Скопје температурата се предвидува да достигне до 37 степен.