Ќе се менува законот за јазици, ДУИ преговара со српски, ромски и турски лидери

Демократската Унија за интеграции во текот на псоледните десетина дена водела разговори со претставници на три од помалите заедници за промени во законот за јазици со кои што ќе се овозможи поголем употреба и на српскиот, ромскиот и турскиот јазик во Македонија.



Лидерот на Демократската Партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ на емисија на ТВ Алфа во средата навечер објави дека води разговори со ДУИ за поголема употреба на српскиот јазик согласно новиот предлог закон за јазици со кој што албанскиот јазик станува втор службен јазик еднаков на македонскиот а српскиот и останатите јазици остануваа на исто ниво како сега.

Потврда за разговори со ДУИ  на емисијата дадоа и лидерите на Партијата за движење на Турците Аднан Ќахил и ПЦЕР Самка Ибраимовски кои што се дел од владеачката коалиција а кои што одбија да откријат детали од разговорите.

Трите лидери не го споменаа СДСМ како партнер со кој што преговарале за промена на првата верзија на законот за јазици а во емисијата двата министри Ибраимовски и Ќахил постојано тврдеа дека се работи за прва верзија која што ќе се менува од интерес за помалите заедници.

За време на собраниската расправа во врска со законот за јазици лидерот на ДПСМ Стоилковиќ беше одбиен од членовите на ДУИ и Алијансата за Албанците во барањето со законот да се зголеми употребата и на јазиците на помалите заедници.

Демократската партија за интеграција и АА досега не ги коментира информациите за преговори за законот за јазици на лидерите на помалите заедници.