По цели 6 години денеска е прекинат кривичниот прогон против Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април. Судот денеска донесе решение, со кое посочува дека амнестијата важи за нив.
Oсновниот кривичен суд во Скопје го уважи нивното барање за примена на амнестијата по што се запира кривичната постапка поведена со обвинителниот акт на ОЈО ГОКК за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.
Со тоа се отвара прашањето дали за 6 годишниот прогон на обвинитетите треба да одговараат и судијата и обвинителката во случајот кои што требало уште на самиот почеток да увидат дека прават грешка со прогон на осомничени за кои немаше никаков доказ дека се виновни а цела јавноста знае дека се жртва на политички реваншизам.
Ова особено важи за обвинителката Искра Хаџи Василева која го водеше предметот против наводните организатори на 27 Април.
Покрај правните и хумани аспекти на прогонот на обвинетите судијата Илија Трпков и обвинителката Хаџи Василева сносат лична одговорност и за финансиските последици од овој предмет.
Слободна проценка на правосудни експерти е дека од покренувањето на политичко обвинителскиот процес во рамки на предистрага, истрагата и судењето се потрошени милиони народни евра кои не морало да се трошат ако обвинителката и судијата навреме увиделе како треба да се постапува по Законот за амнестија од 2018 година.
И судијата Трпков и обвинителката Хаџи Василева имаат повеќе вакви милионски процеси кои пропаднале а за кои сносат одговорност.
Судијата Илија Трпков го доврши судењето за случајот Траекторија кој траеше 7 години а за кој по само две години беше јасно дека нема докази ниту дело.
Кај обвинителката Искра Хаџи Василева ситуацијата е уште подраматична затоа што таа во моментов се уште го води предметот против кардиологот Жан Митрев и неговата клиника иако на сите и во судот и во обвинителството им е јасно дека нема дело.
Хаџи Василева во трите години на прогон на Жан Митрев направи милиони евра трошоци и низа сериозни правни гафови но се уште не се откажува од прогонот на кардиологот Митрев.
Зошто обвинителството дозволува Хаџи Василева да прогонува невини луѓе и да уништува човечки животи иако е јасно дека нема докази за дел од своите обвиненија е прашање и за државниот јавен обвинител Коцевски кој прво не смее да дозволи прогон без докази и второ, не смее да дозволи трошење на милиони за случаи за кои е јасно дека ќе пропаднат.
„ Против ова решение имате право жалба преку овој суд до Апелациониот суд. Поединечно ќе бидат образложение причините за ова решение во писмен одговор кој ќе го добиете во најкраток можен рок“, изјави судијата Трпков денеска.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во декември 2024 година, во мислење испратено до Основниот кривичен суд Скопје наведе дека за тројца од вкупно четворицата обвинети во предметот „Организаторите на 27 април“ треба да важи Законот за амнестија од 2018 година.
Скопска Апелација лани во април ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, ексминистрите Јанакиески и Ристовски добија казна од шест години и три месеци, додека поранешниот директор на УБК, Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.
Р. Е.
Најчитани статии
Како екс грчки премиер ја нарекувал Македонија во официјални документи (ФОТО)






