Oлеснувањето на мерките за претпазливост против осомничените за нападот во М-НАВ е координирана акција меѓу Јавното обвинителство и осомничените, предупредуваат експертите. Целта e судот да се стави пред свршен чин и да констатира отсуство на кривичното дело. Адвокатот Ардијан Демири вели дека сите околности од 4 јануари до денес водат кон тоа осомничените да не одговараат за делото за кое се сомничат.
„Според мене, трендот на тоа што го кажува обвинителството не е ништо друго, туку подготовка за на крајот да достават предмет до Кривичниот суд кој ќе биде дефицитарен од аспект на докази и целата оваа ситуација ќе заврши како „се тресеше планината, се роди глушец“. Целата оваа ситуација, според мене, доколку се поставеше како што треба, ќе имаше повеќе елементи на кривични дела бидејќи во реалноста има повеќе дела“, рече Ардијан Демири, адвокат.
Јавното обвинителство соопшти дека мерките за претпазливост биле олеснети откако било констатирано дека повеќе не може да се влијае врз интегритетот на кривичната постапка.
„Надлежниот обвинител ги сослуша сите осомничени и сведоци, интегритетот на постапката е зачуван, не е нарушен и нема опасност да биде загрозен. Осомничените веќе немаат можност да влијаат врз доказите или врз правните дејствија што ќе се преземаат отсега. Повикувајќи се на фактичката состојба и практиката на Судот во Стразбур, обвинителот предложи олеснување на мерките на претпазливост за осомничените“, велат од Јавно обвинителство.
Извор: Алсат





