Ќе одговара за убиство возачот кој прегази десетици во Канада

Каи-Џи Адам Ло, е обвинет за осум точки за убиство од втор степен по маскартот што го стори, откак со џим влета во уличен фестивал при што смртно прегази најмалку 11 лица на возраст меѓу 5 и 65 години и повреди десетици.



Обвинетиот Ло вчера се појави на суд, неколку часа откако полицијата го уапси на местото на инцидентот во саботата вечерта.

„Ова е најтемниот ден во историјата на нашиот град“, изјави привремениот началник на Констабл во Ванкувер Стив Раи за новинарите на неделната прес-конференција.

Полицијата соопшти дека дваесетина луѓе се повредени, некои во критична состојба, и предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми во наредните денови и недели.