Ќе најдеме решение да ги вратиме парите на фирмите од солидарниот данок, рече премиерот

Одлуката на Уставниот суд е конечна и мора да се почитува, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањата како да се вратат 49,2 милиони евра на 156 компании кои платиле солидарен данок на државата во 2023 година. Сега, наместо да инвестираме на друго место, ни требаат 50 милиони евра за да исправиме нечии туѓи грешки, рече премиерот. Сепак, Мицкоски рече дека ќе ги најдат компаниите и ќе најдат решение. Тој најави на кривична одговорност за минатата власт.



  • Сега, наместо да инвестираме во инфраструктура или други стратешки проекти, мора да обезбедиме 50 милиони евра за исправување на грешки од минатото“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека владата ќе изнајде соодветно решение за оваа ситуација.

Уставниот суд го укина законот за солидарно оданочување. Тоа значи дека државата мора да врати 49,2 милиони евра на 156 компании.

Според одлуката на Уставниот суд, компаниите кои го платиле солидарниот данок имаат право во рок од пет години да поднесат барање за поврат на средствата. Овој данок беше воведен за фирмите со приходи над 10 милиони евра во 2022 година, но со неговото укинување државата е должна да ги врати наплатените износи.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека компаниите сега, во рок од пет години, доколку сметаат дека нивните права се повредени со овој закон, имаат право да бараат враќање на парите.