Иран ќе се одмазди за израелскиот воздушен напад врз неговиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси, еден ден откако седум ирански воени команданти беа убиени во нападот.



„Бидејќи не успеа да ја уништи волјата на фронтот на отпорот, ционистичкиот режим (Израел) повторно стави … убиства на својата агенда за да се спаси. Мора да знае дека никогаш нема да ги постигне своите цели и дека ова кукавичко злосторство нема да остане неодговорено. “ рече Раиси, цитиран од иранските државни медиуми.

Израел долго време ги напаѓа иранските воени постројки во Сирија и оние на проиранските сили, но нападот во понеделникот беше првпат да биде погоден масивниот комплекс на амбасадата.

Израел ги засили овие напади паралелно со својата кампања против палестинската група Хамас поддржана од Иран.