„Блерим Беџети соопшти дека нема да биде повеќе претседател на општина Сарај, туку оти ќе продолжи како пратеник во Собранието. На општествените мрежи тој напиша дека ќе биде глас на волјата на народот.“ – објави ТВ Клан Македонија. Инаку, Беџети е и организациски секретар на ДУИ.
ТВ Клан Македонија ја пренесува објавата на Блерим Беџети на фејсбук, во која тој, покрај другото, истакна: Од денеска започнува моето ново патување како пратеник во Собранието. Ветувам дека ќе бидам гласот на волјата на народот и ќе докажам дека легитимитетот на албанскиот глас му припаѓа на Европскиот фронт. Продолжуваме обединети за европска држава и подобар економски развој.





