Ќе игра ли бугарски клуб во првата македонска фудбалска лига е прашањето што е актуелно во Бугарија откако на социјалните мрежи се појави најава за такво нешто.
Со назнака ,,ПОТВРДЕНО ОД КЛУБОТ”, профилот Levski Report на социјалната мрежа Х поранешен Твитер објавува дека поради проблемите меѓу Левски и Бугарскиот фудбалски сојуз и сите судири за судиите оваа сезона, Левски најавува дека ја напуштаат „Ефбет лигата“ и ќе се натпреваруваат во првата дивизија на Македонија.
Според објавата која не е официјално потврдена од страна на клубот е една од причините за изборот на Македонската лига е тоа што Левски ќе се натпреварува со послаби тимови и ќе има шанса да ја освои лигата и да игра квалификации за Лигата на шампионите.
Преходно и групи околу фудбалскиот клуб Пирин од Благоевград најавуваа дека клубот ќе игра во македонската фудбалска лига но најавите не се остварија а немаше ни формално барање за такво нешто.






