Треба еднаш засекогаш да ги поставиме здравите темели на здравството. Пред сѐ, мора да се врати довербата во здравствениот систем. Процесот ќе биде долгорочен и болен, но реформите мора да се направат според потребите, а не според желбите. Затоа што политичката припадност не е професија, партиската книшка не е личен документ, балансерот не е критериум за работа, дециден е реномираниот детски хирург Ристо Симеонов, кој за болестите на македонскиот здравствен систем – корупција, неефикасност и отсуство на одговорност, како и за хируршките зафати неоподни во неговото лекување, зборува во поткастот „Каде се парите?“, обајави порталот Пари.

Како клучна реформа ја посочува регионализацијата, која мора да се спроведе час поскоро и да ја продолжи секој нареден министер. Значаен аспект е и дигитализацијата. Вели, и листите на чекање треба да се дел од интегриран информатички здравствен систем.
- „Сега, листите на чекање, во принцип, се во тефтерот на докторот. Ќе ги земе вашите податоци, па ќе ви се јават кога да дојдете за операција. Листите на чекање треба да се транспарентни, видливи. Секој пациент има право во системот да провери кај кој доктор колку е долга листата на чекање и во која болница. Во Словенија, премиерот тогашен, Јанез Јанша, не оперираше кила во Клиничкиот центар во Љубљана, затоа што беше долга листата на чекање. Се оперираше во Марибор, каде што беше листата пократка. Системот се сведува на регионализација. Мора да постојат повеќе болници кои ќе даваат здравствени услуги на секундарно и терцијарно ниво. Не може сите операции да се прават во Скопје. Регионализацијата е клучна реформа која мора да се спроведе час поскоро и да ја продолжи секој нареден министер“, рече Симеонов и верува дека системот на регионализација ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги. Повеќе на порталот Пари.ком.мк.





