Ќе го помнам по умот, мудроста, топлината и едноставноста – порача вчера претседателката Гордана Сиљановска Давкова во нејзиниот последен поздрав до папата Франциск кој почина вчера.
Претседателката со папата Францис се сретна лани во Мај во Ватикан.
,,Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста.
Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност”, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова во последниот поздрав.






