Меѓународниот кривичен суд, властите на Монголија имаат обврска да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин доколку тој отиде во посета на таа земја.



Најавено е дека Путин ќе ја посети Монголија во вторник, што ќе биде првото патување во земја која го почитува Меѓународниот кривичен суд, по нареденото апсење во март 2023 година.

Судот смета дека Путин е одговорен за воени злосторства, и дека не спречил незаконски депортации на деца од Украина во Русија од почетокот на војната.

Кремљсоопшти дека очекува Путин да не биде уапсен.

„Имаме одличен однос со нашите партнери од Монголија. Се разбира, сите аспекти од посетата ќе бидат внимателно подготвени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.