Во својот текст со наслов ,,Дали крајот вака мириса” екс пратеничката на СДСМ Софија Куновска зборува за ,,Бароницата од Дебар маало” која седи во позадина на битката за контрола на ,,стечајната маса” на Бихаќка.
За голем дел од јавноста се уште не е 100 проценти јасно на кого мисли Куновска кога зборува за бароница која плете ,,клот фркет”.
Според најголем дел од анализите ,,Бароницата од Дебар Маало” е Радмила Шеќеринска која се уште важи за еден од најмоќните фактори во СДСМ.
Таа купи ексклузивна куќа во Дебар Маало а пред повеќе од еден месец видовме како на висок глас го кара лидерот Ковачевски затоа што зборувал на англиски јазик.
Доколку Куновска зборува за неа Шеќеринска не е кандидат за пратеничка и ако планира политичка кариера ќе треба да се занимава со партиски задачи во СДСМ која од Јуни извесно оди во опозицијата.
Друг помала група набљудувачи сметаат дека ,,Бароницата од Дебар Маало” е министерката за одбрана Славјанка Петровска која освен што е една од најдобро облечените во владата со министерскиот кабинет е лоцирана токму до Дебар Маало.
Ако Куновска зборува за неа тогаш Петровска може да биде пратеничка затоа што е носител на листа на СДСМ во шестата изборна единица.
Партиски извори на Бихаќка тврдат дека иако Шеќеринска не е министерка и носител на листа таа е двојно помоќна од Петровска која важи за извршител на нејзини планови.
Што напиша Куновска за Бароницата од Дебар Маало
Дали крајот вака мириса, екс пратеничка на СДСМ најавува црна иднина за својата партија





