Њујорк пост го „подучува“ Трамп кој е „диктатор“

Откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно оваа недела го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „диктатор“, вчерашниот „Њујорк пост“ објави насловна со фотка од рускиот претседател претседател Владимир Путинсо која го „подучува Трамп, кој е диктатор.



Во исто време, изданието потсетува дека Трамп никогаш не го нарече Путин „диктатор“.

„Њујорк пост“ , конзервативен дневен таблоид кој најмногу пишува афирмативно за Трамп.

За време на подемот и владеењето на Трамп, таблоидот често ја промовираше неговата политика, а истовремено ги напаѓаше демократите и либералните медиуми.

Во пресрет на минатогодишните претседателски избори, таблоидот јавно го поддржа Трамп.

Ова беше збунувачка и дезориентирачка недела во меѓународната дипломатија, со диви импликации за Украина, иднината на угледот на Америка во светот и наследството на претседателот Трамп, пишува Њујорк Пост.

Трамп е апсолутно во право што сака да стави крај на крвопролевањето во Украина. Страдањето беше страшно, а застојот брутален.

Но, среде бурата на диво мислење што се излева од Белата куќа наваму оваа недела, има најмалку 10 вистини до кои секој американски гласач мора да се држи.

Во брзањето на Трамп да стави крај на крвопролевањето, ова се вистините по кои ќе се мери и дефинира секој договор кога ќе се напишат историските книги. Игнорирањето на овие факти или недавањето соодветна тежина, исто така, ќе има огромни последици во децениите што доаѓаат“, анализира  „пост“