Сликата „Љубовниците“ на уметникот Марк Шагал е продадена на аукција во Њујорк за 28,5 милиони долари, што е рекордна цена за работата на сликарите чија насока е мешавина на модерното движење и импресионизмот, објави аукциската куќа Сотби во Њујорк.
Маслото на платно, кое му припаѓаше на еден сопственик од 1928 година, претставува фаза на среќен живот на уметникот кој ја посветил сликата на Вајт Розенфелд во која тој бил заљубен во Париз, градот во кој се преселил од неговата родна Белорусија.

Сликата беше продадена на есенската продажба на куќата Сотби за десет минути и цената ја надмина почетната сума од 12 до 15 милиони долари.
Претходниот рекорд за сликата на Шагал беше постигнат во мај 1990 година, кога беше продаден за 14,9 милиони долари на аукцијата на сликата „Роденденот“ од 1923 година.




