Спортистите од Јужна Кореја беа погрешни претставени како членови на делегацијата на Северна Кореја.
Организаторите на Олимписките игри во Париз експресно се извинија поради големиот гаф на церемонијата на отворање, на која биле „помешани“ имињата на двете земји кои се во воена состојба од 1953-та година.
Појавувањето на делегацијата на Јужна Кореја на реката Сена било пропратено со официјална информација дека се работи за спортистите од Демократска Нарока Република Кореја, официјалното име на Северна Кореја.
Јужнокорејските власти испратиле протестна нота до Интернационалниот олимписки комитет, од каде експресно стигна извинување потпишано од првиот човек, Томас Бах.
„Сакаме да понудиме длабоко извинување за грешката која се појави при претставувањето на делегацијата од Јужна Кореја на церемонијата на отворање на игрите“, се вели во соопштението од ИОК.






