ЈСП и Град Скопје немаат ни денар да го платат кредитот за автобусите што ги нарача Шилегов

На градките проблеми никако да им дојде крајот. Најново во низата е дека ЈСП и Град Скопје бараат советот да одобри кредит за купување нови автобуси, а немаат пари да ги плаќаат ратите за автобусите кои веќе возат низ скопските булевари. Станува збор за 33-те автобуси набавени во 2020-тата во мандатот на Петре Шилегов. За нив беше потпишан договор со Европската банка за обнова и развој за кредит од 10 милиони евра. Според договореното, кредитот треба да го плаќа ЈСП, а ако не може, тогаш ратите да ги покрива Градот. Но, бидејќи ни едните, ни другите немале доволно пари, ЕБОР сега бара доспеаната рата да ја подмири државата.



Граѓаните, меѓутоа, продолжуваат да чекаат на постојките, соочувајќи се со нередовни и неисправни автобуси, додека претпријатието се обидува да обезбеди средства преку внатрешна реорганизација.

Годишната рата е околу еден милион евра. Парите за исплата на ратата се предвидени со ребалансот на буџетот. Министерката за финансии при презентација на бројките, кажа дека се обезбедени средства за кредитите на повеќе јавни претпријатија, меѓу кои и ЈСП.

Градоначалничката Данела Арсовска за време на кампањата се возеше во градски автобус и вети бесплатен јавен превоз, ама од тоа нема ништо и капак на се, граѓаните чекаат со часови на постојките на пеколна температура.