Обединувањето во земјава заради нејзината иднина не е прашање на избор туку прашање на опстанок! Колку побрзо сите го разберат тоа, толку подобро, напиша поранешниот потпретседател на СДСМ Зоран Јовановски во објава на „Фејсбук“, откако премиерот Христијан Мицкоски повика на обединување во денешниот говор за време на Свечена академија по повод 23 Октомври–Ден на Македонската Револуционерна Борба „Завет кој обврзува”.






