Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ.
„Немав никаков притисок од политичкиот опонент. Имам мандат до декември, но има нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман“, рече Деспотовски на брифинг со новинарите.
Тој на брифгнгот соопшти се’ што е сработено во ТИРЗ за време на неговиот мандат.






