За поразлична, понеобична салата која може да ја јадете и како лесен оброк, оваа комбинација од авокадо и туна е вистинскиот избор.

Состојки

– 1авокад



–  сок од лимон

– 1/4 домат

– 50 грама свежа туна

– васаби

– соја сос

Начин на подготовка:

Исечете го авокадото на половина и извадете ја семката. Внимателно отстранете ја содржината на авокадото без да ја оштетите лушпата. Додадете го лимоновиот сок во месото за да не стане кафеаво.Исечкајте го месото од авокадо, туната и доматот на парчиња со иста големина.Измешајте го васаби и соја сосот според личната желба.Во еден сад измешајте ги сите состојки и потоа додадете ги во празните лушпи.