„Трагедијата во Кочани се користи како гориво за студентското незадоволство, кое треба да поттикне бунтови во другите сфери на општеството. Кога во младинското движење не наоѓате докази за револуционерна политика, кога подбуцнувачите се истите ‘политички и невладини хиени’ од една пропадната ‘шарена револуција’, тогаш знаете дека ‘револуцијата’ не е за правда, туку за власт и одмазда. Сега имаме кај нас нови овојпат ‘црно обоени револуционери’, задскриени зад човечката тага и болка, кои водат политика на омраза, но и тие ќе изгорат во својата политичка немоќ!“ – нагласува универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Револуции’ на испумпани фрустрации“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.
Покрај другото, Јанкуловски пишува: Ѕверот е повторно пред вратата: „модерните“ револуции се хранат од трагедијата и несреќата на другите. Тие се испумпани фрустрации на очајни и лесно манипулативни луѓе од страна на парични интереси и профити. Стекнувањето моќ преку смената на власта се повеќе се случува под превезот на таканаречениот „демократски бунт“, или обоените револуции. Една таква поминавме. И покрај се, во време на неизмерна тага и болка, некој се обидува повторно да ја воскресне идејата за „обоена револуција“. Само што овој пат за „црна револуција“, зашто црната не е боја.
Несреќата на брутален начин ги менува и ги пренасочува нашите животи. Низ колективната траума од она што се случи во Кочани добиваме енергија не само да го редефинираме сопствениот живот, туку таа не’ научи дека треба да бидеме поголеми, да правиме поголеми работи отколку само да го обновиме сопствениот живот. Да, за тоа вреди да се бориш и маршираш. Но, не вреди да се бориш и маршираш за нечии туѓи политички интереси.
Трагедијата во Кочани се користи како гориво за студентското незадоволство, кое треба да поттикне бунтови во другите сфери на општеството. Но и заради вештачко менување на сегашните стабилни политички услови. Кога во младинското движење не наоѓате докази за револуционерна политика, кога подбуцнувачите се истите „политички и невладини хиени“ од една пропадната „шарена револуција“, тогаш знаете дека „револуцијата“ не е за правда, туку за власт и одмазда. Секогаш зад ваквото движење се надворешни сили, кои ги спонзорираат, ги планираат, ги координираат и ги спроведуваат „револуциите“. Погледнете ги слоганите, паролите и начинот на организирање на студентите по трагедијата во Кочани – веќе видени на некое друго место, само преведени.
Во демократијата луѓето имаат право на политички несогласувања. Но, кога одредени опозициски сили веруваат дека оние, што не мислат како нив, се зли и оти мора да бидат уништени, а при тоа ја користат човечката трагедија заради пројавување незадоволство, тогаш се поставува прашањето; зарем ова не е јасен пример за политика на омраза? уништување“. Новите црно обоени „револуционери“ денес се „револуционери“ на омраза и политичка немоќ, задскриени зад човечката тага и болка, кои ќе изгорат во својата немоќ. Вистинските револуции се спонтани и се случуваат во одреден момент од историјата, додека „обоените револуции“ се исценирани и добро испланирани. Како оваа во најава, која не е произлезена од болката, туку од политичкиот интерес.
Кај нас се обидуваат да пумпаат веќе испумпани движења.






