Ова го најави Влатко Илиевски, сопруг и адвокат на Гордана Јанкулоска која денеска беше ослободена од вина за предметот „Тврдина“ .
Тој потенцираше дека Судот ги прифатил наводите на одбраната дека кај екс-министерката за внатрешни работи не постоело умисла или намера за да се оштети опремата за прислушување, ниту да се причини штета врз државата.
Одбраната е задоволна и сега се чека од Апелација да ја потврди ослободителната пресуда, јавува Плусинфо.
Ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето и ќе се надомести нематеријалната штета којашто Јанкулоска ја претрпела како една од најголемите жртви на прислушувањето, рече Илиевски.
Според него, екс-министерката на МВР немала информација дека ќе се врши уништување на опремата за прислушување бидејќи кога е пратен извештајот дека опремата е уништена, Јанкулоска веќе не била министер.
„Извештајот е пратен на 8 мај, а Јанкулоска веќе следниот работен ден не е министерка. Таа формирала Комисија која имала општ назив и која требало да направи попис. Апсолутно не било наведено каква опрема ќе се попишува, ниту дека треба нешто да се уништи. Се однесувало за опрема која била во рамките на целата УБК“, кажа Илиевски.
Гордана Јанкуловски доби ослободителна за „Тврдина“, за тројца други – затвор





