„Не криеме дека победата од 2-0 носи позитивна атмосфера во нашиот тим, носи една позитивна енергија која ќе се обидеме да ја преточиме во добра игра на утрешниот дуел. Фенербахче ќе има и огромна поддршка од трибините, но фудбалерите тоа не смее да ги оптоварува, и повторно мора да играат колективно со желба за позитивен резултат“ рече тренерот на Вардар Чеде Јаневски на прес конференцијата во Истанбул одржана непосредно пред тренингот на кој играчите го почувствуваа стадионот Шукру Сарачоглу на кој утре се игра од 19.30.



Вардар има извонфедна предност од 2-0 од првиот меч од плеј оф рундата во Лига Европа и најчесто таа е доволна за минување, во случајов во групната фаза од второто клупско фудбалско натпреварување на континентот. Но овој пат заради силата и вредноста на домаќинот ќе биде многу тешко.
„Морам да кажам дека не чека навистина тежок натпревар против силен противник. Резултатот од Скопје и победата од 2-0 воопшто ништо не значат. Тој резултат не ни гарантира дека ќе стигнеме до нашата цел, пласман во групите од Лигата на Европа. Затоа мора да почнеме од нула, како резултатот да е 0-0, и така ќе се однесуваме на терен“