Околу таканареченото „прашање за името“ на Република Македонија, како би се однесувале САД ако Обединетите нации се обидат да ѝ наметнат ознака за членство во ОН „Поранешна британска колонија“ менувајќи го официјалното име САД.
Како што знаете, референцата за Република Македонија во ООН е „Поранешната југословенска република Македонија“ (ФИРОМ)!
Претпоставувам – напиша во отвореното писмо до медијаторот Метју Нимиц, македонскиот дипломат и експерт за меѓународно право, Игор Јанев – Вашиот одговор би бил дека САД никогаш нема да станат членка на која било меѓународна организација ако мора да прифатат „Поранешна британска колонија“ за привременото име или референца за САД во меѓународните организации. Македонските дипломати, продолжува Јанев, секогаш го презентираа фактот дека името „Македонија“ е легално поинакво од „Република Македонија“”, така што немаат основа грчките обвинувања дека тоа подразбира територијални претензии“.
Името на државата е предмет на домашното законодавство на таа држава (бидејќи секоја држава има природно вродено право на име), не создава меѓународни законски права за државата што го прифаќа името, ниту пак наметнува законски обврски на други држави.
Јасно е дека името нема влијание врз територијалните права на државите, му напиша Јанев на Нимиц потсетувајчи дека Грција ја обвини Македонија во ОН за македонскиот иредентизам и експанзионизам.
„Дозволете ми да Ве потсетам, само за ваша информација, дека постојат уставни одредби (измените на Уставот на Македонија, направени на 6 јануари 1992 година), со кој се декларира дека Република Македонија „нема територијални претензии кон било кои соседни држави“ пишува на крајот од писмото до Метју Нимиц.
Игор Јанев, инаку смета дека државите во Генерално собрание на ОН, независно од ставот на која било голема сила (па и САД), можат да ја признаат Македонија во ОН како Република Македонија. Органот што донесе одлука за референцата ПЈРМ беше Генерално собрание на ОН (а не Советот за безбедност на ОН, кој само даде предлог до Генерално собрание на ОН). ГС на ОН имаше овластување предлогот од Советот за безбедност на ОН да го одбие или да го преформулира и да ѝ даде на Македонија членство под уставното име.
„Тој што ја дал деноминацијата (референцата) ПЈРМ, а тоа е Генерално собрание на ОН, тој може и да ја промени одлуката и да продолжи членството на Македонија во ОН како Република Македонија“, тврди Јанев.





