Вардар ја забележа петтата победа во петтиот настап во СЕХА лигата откако го совлада Загеб со 30-23. Црвено црните не беа ни комплатни, беа потрошени од мечот со Барселона, а сепак успеаја за само едно полувреме да го совладаат најголемиот ривал од балканските простори.
Вардар водеше со 17-10 на полувреме, по што немаше форсирање за конечните седум плус. Ова е седма победа во низа на скопјани со Загреб на домашен терен и четврта во серија во последните четири соочувањата во оваа година, сите остварени со минимум пет разлика. Најдобри поединци кај нашиот првак без голманот Милиќ со 17 одбрани, Дибиров и Карачиќ со шест, а Борозан со пет гола. Најефикасен во мечот беше гостинскиот бек Мандалиниќ со 8 погодока.